Фото: Архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ со една реченица реагираше на објавата на Заев за Ципрас и Преспанскиот договор

Откако поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи испрати „честитки за седумгодишнината од нашиот Преспански договор“ до грчкиот експремиер Алексис Ципрас, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со една реченица:

„Она од кое паметниот се срами, недоветниот се гордее“

Заев во објавата напиша дека со Ципрас оставиле позитивен пример на Балканот, Европа и во светот со Преспанскиот договор – дека може на дипломатски начин да се постигне договор дури и за најтешките прашања меѓу државите.

„Во ова време на војни и хаос во светот, исклучително сум среќен што успеавме да го постигнеме Договорот во Преспа, да изградиме долготрајно пријателство помеѓу нашите соседски земји – Северна Македонија и Грција“, му пиша Заев на Ципрас.

Со Договорот од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година, беше решен долготрајниот спор за името Македонија кој го имавме со Грција, на начин што земјава го смени името во Северна Македонија, што беше предуслов да станеме членка на НАТО, додека Грција се обврза да не ја кочи нашата ЕУ-интеграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот