Фото: Фејсбук

ВМРО-ДПМНЕ: Шемите на Заев и Димова го исцрпиле буџетот на агенцијата „Еразмус“ за над 2,5 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува поранешниот премиер Зоран Заев и ексдиректорката на Агенцијата за европски образовни програми – Еразмус Лидија Димова, дека го исцрпиле буџетот за над 2,5 милиони евра, пари кои Европската заедница ги побара назад од државата.

Од владејачката партија велат дека Владата на СДСМ, секогаш ќе остане синоним за криминал, корупција и неспособност.

„Каде и да се појавеа ја посрамотуваа државата и самите себеси. И на домашна и на меѓународна сцена. Чест на исклучоци, но во СДС скоро сите поранешни функционери, директори, министри, се поврзани со некаков сомнеж или пак сторен криминал.

Лидија Димова го оштети Буџетот на Агенцијата на којашто беше директорка за над 20 милиони денари, за случај за кој е осудена со уште две лица. Затоа СДС молчи кога ќе се спомне Димова. На крај, ќе речат дека ја познаваат од телевизија“, соопштија од партијата.

Велат дека Заев, како премиер ја присилил Димова да не поднесува кривична пријава за криминал вреден 2,2 милиони евра. Пари, кои, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, биле украдени од координирана мрежа во Националната агенција која завршува во тогашниот кабинет на Зоран Заев.

„Затоа и деновиве кога СДС ќе излезе со соопштение или прес-конференција, народот не им верува. Затоа што народот е свесен дека тие се синоним за криминал и корупција. Затоа што народот знае дека скоро секој поранешен функционер од СДС има направено криминал, а тој криминал го штити обвинителството и судството“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Димова вчера соопшти дека повеќе од пет години не е директорка на оваа, како што ја нарече несреќна институција и според неа е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста.

Димова: Повеќе од пет години не сум директорка на несреќната институција, недолично е да се кажуваат лаги

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот