Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски и Елена Симонофски / Фото: Нетпрес

ВМРО-ДПМНЕ се шири во Албанија, основано е здружение што ќе ги обединувало сите Македонци

Здружение со назив „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ е впишано во судскиот регистар во соседната земја, а на социјалните мрежи се огласи Елена Симонофски, која вели дека е претседателка на здружението. Целта, според неа, е „да се обединат сите Македонци во Република Албанија“.

„Драги пријатели, со голема радост сакам да ви соопштам една прекрасна вест! ВМРО-ДПМНЕ, Албанија официјално е регистрирана во Судот на Република Албанија! Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Организацијата се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Стигна времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ, Албанија – е дом за сите кои ја носат Македонија во своето срце. Заедно сме посилни, заедно сме Македонија!“, вели Симонофски.

Во соопштението од новото здружение кое го носи името на владејачката партија во Македонија, се вели дека формирањето на ова здружение е „повеќе од формален чин“.

„Во време на брзи глобални промени и често запоставување на малцинските прашања, македонската заедница во Албанија покажува дека е подготвена да ги брани своите права, да ги негува своите вредности и да ја афирмира својата припадност и во државата и пошироко“, велат од здружението, додавајќи дека тоа „ќе ги штити и ќе ги промовира правата на македонското малцинство во Албанија и ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови“, велат од здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот