ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ најави дебакл на изборите со новите кандидати за градоначалници

За владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите за градоначалници на СДСМ се луѓе кои немаат рејтинг во своите општини, нарекувајќи ги луѓе на Зоран Заев, а дел од нив кои и претходно биле градоначалници дека кои ги опустошиле општините.

„Еден од таквите е и новиот кандидат за Струмица, Марјан Даскаловски кој е многу близок човек на Заев и работи за неговите интереси. Даскаловски е човек кој заедно со Заев бркале и исклучувале од струја цели ромски семејства ако не гласале за нив! Овие луѓе се синоним за неспособност, криминал и корупција.  Овие луѓе не се нови кадри, туку се стари и истрошени кандидати кои се верни на Заев и Филипче.  Овие луѓе не се иднината на општините. На локалните самоуправи им требаат чесни, работливи и искрени луѓе кои ќе работат за своите граѓани, а тоа не се овие кандидати на СДС“, се вели во партиското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот