
ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска и Левица продаваат евтини приказни дека се чесни, зад завеса инкасирале пари од партиската сметка
Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават, порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Препорачано
-А нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста, целосно ја демантираат нивната, и така празна, реторика. Тие се целосно разобличени и демаскирани.
Додека Јована Мојсоска и Левица на граѓаните им продаваат евтини приказни дека се чесни, скромни и неподмитливи луѓе, тие зад завесата инкасирале пари од партиската сметка.
Информациите кои пристигнаа до нас од свиркачи од Левица, го покажуваат вистинското лице на Мојсоска, дека едно зборува пред камери и друго прави далеку од очите на јавноста.
Информациите говорат дека Мојсоска на ден 26.04.2024 земала 123.000 денари, а на 03.02.2023 земала 96.862 денари. Додека пак, само годинава во месеците јуни и јули, кога е пратеник во македонското Собрание, земала на 3 пати по 54.000 денари.
И Мојсоска не е изолиран случај, целото раководство на президиумот на Левица си го покажаа вистинското лице и нивното лицемерие, кое пред граѓаните се претставуваа како скромни и луѓе од народот, а зад нив од сопствената партија инкасирале и ставале во џеб пари, налик на патни трошоци.
Оттука ја прашуваме Мојсоска и останатите од Левица, зошто посегнуваат по партиските пари, нели е повеќе од доволна пратеничката плата?
Нели е лицемерно, да од една страна глумите некакви аскети, а од друга страна ја цедите својата политичка партија?
Но, вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.