ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и тројца обвинители рекетирале бизнисмен – Обвинителството отворило предмет кој завршил во фиока

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и го заташкува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ. Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока. Во случајот биле опфатени поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока зашто се крие и се штити некој од СДС и од ДУИ, се додава во соопштението на партијата, и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста.

„Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или, пак, да ги штити неговите наредбодавци од СДС и од ДУИ, па затоа во изминатата година не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери. Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа, за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда. Доста кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДС и до ДУИ“, порачуваат од владејачката партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот