Фото: МИА

ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство за смртта на Енвер Малиќи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство со смртта за заменик градоначалникот на Скопје и почесен конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи кој ја загуби битката со компликациите од ковид-19.

– Изразувамe искрено жалење и сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи, татко, сопруг, колега, советник, заменик градоначалник на Скопје, стопанственик и конзул. Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надеваме дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на споменот и делото што зад себе го остави Енвер Малиќи. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје изразува искрено и длабоко сочувство до Вас, до неговото најблиско семејство, до колегите, до пријателите, соработниците во Градот Скопје, до сопартијците и граѓаните на Скопје. Заминувањето од овој свет на заменик градоначалникот Енвер Малиќи е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Скопје, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, се вели во пораката на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот