Јована Тренчевска/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

„ВМРО-ДПМНЕ го руши законот за јавни набавки, си отвора пат кон масовна корупција“, велат од СДСМ

„Со предложените измени на Законот за јавни набавки, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги отвори вратите за неограничени злоупотреби на јавните средства, укинувајќи ја единствената заштита што го штити буџетот на граѓаните – управната контрола на Бирото за јавни набавки. Ова е директен удар врз транспарентноста и борбата против корупцијата и уништување на Законот од 2019 година. Ова е отворање на пат кон масовна корупција и враќање на системот во времето на неказнети тендерски злоупотреби“, рече денеска пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

„Со овие измени, ВМРО-ДПМНЕ сака целосно да ги отстрани сите контролни механизми, претворајќи го Законот за јавни набавки во алатка за нивни лични интереси. Укинувањето на управната контрола создава идеални услови за коруптивни зделки, непотизам и злоупотреба на парите на граѓаните. Ова значи дека јавните набавки повеќе нема да бидат под никаква контрола, а јавните пари ќе завршуваат во џебовите на привилегираните фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тренчевска.

„Без дебата, без транспарентност, без одговорност, ДПМНЕ се обидува овој закон да го протне по скратена постапка. Без консултации со експертската јавност, невладините организации или професионалците кои се занимаваат со јавни набавки, ова е јасен обид да се сокрие вистинската намера на власта – јавните пари да станат лична каса на партиските структури“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!