фото: ФК Пелистер

Влатко Костов: Се надевам дека ФК Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш

На првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“, претседателот на фудбалскиот клуб Пелистер, Митко Стојковски во име на целото раководство им посака успех и среќа на фудбалерите, а моментот го искористи да се обрати кон сите околу тоа каде стои Пелистер и каде треба да се стреми клубот во колективен аспект:

– Треба да се прилагодиме согласно на новиот предизвик кој е пред нас, и да го стабилизираме и адаптираме клубот според новите прволигашки услови. Организационо и финансисиски да се стабилизираме и подигнеме на повисоко ниво и да се држиме и фокусираме кон зацртаните цели.

Најважно од сè, да бидеме приземни, иако ФК Пелистер е големо име во македонскиот фудбал, знаеме колку ни е силата, со што располагаме, колку ни се можностите и кои ни се конкурентите. Започнуваме од нула и со еден нов почеток во кој ќе имаме уште неколку нови засилувања, и почеток во кој ќе се потрудиме сите колективно да направиме добри резултати со кои клубот ќе биде на коректна и респектабилна позиција на табелата, а доколку ни се укаже прилика за поголеми амбиции секако дека тоа ќе биде искористено и реализирано – се зборовите на Стојковски.

Шефот на стручниот штаб, Влатко Костов се надева дека ФК Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш.

– Со некои од играчите не се договоривме, некои не ги прифатија условите на Пелистер, па се разделивме. На стартот на подготовките веќе имаме три нови играчи, кои се надевам дека ќе бидат надоградени со четири до пет играчи, со кои сакаме да направиме ростер рамноправно да се носи со прволигашките. Што се однесува до подготовките, од среда ќе почнеме да работиме по двапати, а понатаму ќе следат пријателски натпревари, од 14 јули до 3 август против Новаци, Силекс, Гостивар, Воска, Работнички и Влазрими. Се надевам дека Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш и ако ни се даде шанса ќе бараме повеќе. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам до сите кои учествуваа лани до местото кое водеше во Прва лига, благодарение и до раководството за се што прави за клубот. Сите заедно се надеваме на еден респектабилен тим кои со сите ќе се носи рамноправно – вели Костов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот