Касим-Жомарт Токаев / Фото EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Владејачката партија во Казахстан едногласно го номинираше Токаев за втор мандат

Владејачката партија Аманат во Казахстан денеска едногласно го номинираше претседателот на земјата Касим-Жомарт Токаев за нов мандат, на вонредните претседателски избори.

Претходно претседателот на партијата Јерлан Кошанов ја предложи кандидатурата на казахстанскиот претседател за изборите на крајот на следниот месец, пренесува ТАСС.

Одлуката за именување на Токаев била едногласна, соопштуваат од партијата.

Токаев ја презеде функцијата претседател на Казахстан во март 2019 година, наследувајќи го Нурсултан Назарбаев по 29 години на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот