Израелска армија EPA-EFE/ABIR SULTAN

Владата не турка во вечна војна, повеќето Израелци сакаат крај, вели поранешен разузнавач на Шин Бет

Ами Ајалон, поранешен директор на израелската безбедносна агенција Шин Бет и поранешен командант на израелската морнарица, предупреди дека дејствијата на „екстремистичката влада“ на Бенјамин Нетанјаху го доведуваат во прашање самото постоење на Израел како „еврејска и демократска држава“ и ги повика пријателските влади и еврејските заедници ширум светот да ги поддржат Израелците кои сакаат крај на војната и брзи избори за смена на Нетанјаху.

Ајалон на почетокот на својот апел наведува дека служел како државен службеник на Државата Израел речиси четириесет години, заштитувајќи го Израел и бранејќи го од надворешни и внатрешни закани. Тој наведува дека пред неколку недели, заедно со уште 17 колеги кои исто така ги посветиле своите животи на безбедноста и благосостојбата на Израел, донел одлука да се изјасни, нагласувајќи дека „виталноста на Израел како еврејска и демократска држава е многу загрозена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот