Владата на Србија планира да предизвика немири од големи размери, предупредува Академски пленум
Академскиот пленум го повика претседателот Александар Вучиќ да се откаже од овој, како што го нарекуваат монструозен план и наместо тоа да распише избори. Доколку сепак остане на својот план, предупредуваат дека само ќе го зголеми бројот на злосторства за кои ќе одговара, заедно со неговите соработници.
Академски пленум на Србија од доверливи извори дознава дека владата планира на 1 ноември да подигне споменик на шеснаесетте трагично загинати по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и со тоа да предизвика немири од големи размери.
Препорачано
Оттаму велат дека градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, кој го најави поставувањето на споменикот на крајот на јули, сега се обидува да ја реализира својата намера на годишнината од трагедијата во која загинаа 16 луѓе.
„За да избегнат дебата во Градското собрание на Нови Сад, тие нема да закажат седница за обезбедување средства за поставување на споменикот, туку ќе ги повлечат потребните пари од буџетската резерва, за што е потребен само потпис на градоначалникот Миќин.
Луѓето кои убија 16 лица преку своите коруптивни дејствија ќе се обидат, точно една година по падот на настрешницата, да организираат голем партиски митинг под маската на поставување споменик и оддавање почит на жртвите, со тоа што ќе доведат активисти, уценети и платени тој ден, во Нови Сад“ наведуваат од Академски пленум.
Додаваат дека властите се свесни дека жителите на Нови Сад се огорчени и бесни поради страдањето на луѓето во нивниот град и дека нема да ја дозволат оваа претстава, која што ќе биде вовед на големи судири на улиците на Нови Сад и Србија.