
Владата на Австралија тврди дека Ѓоковиќ не е затвореник и може кога сака да замине од хотелот во кој мигранти престојуваат девет години
Владата на Австралија тврди дека Новак Ѓоковиќ не е затвореник и може да замине кога сака од хотелот во кој мигранти престојуваат девет години. Тоа го изјави министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз.
Препорачано
Ендрјуз ги отфрли обвинувањата од семејството на Ѓоковиќ кое тврди австралиската валда го држи првиот тенисер на АТП ранг-листата во заточеништво.
– Ѓоковиќ не е затворен во Австралија. Тој може да ја напушти земјата во било кој момент, а граничните службеници ќе му помогнат во тоа – изјави Ендрјуз во разговоро за телевизијата Еј-Би-Си.
Министерката Ендрјуз додаде дека по избивањето на скандалот со Новак Ѓоковиќ кој доби медицинско изземање од две независни лекарски комисии за настап на Австралија Опен, се проверуваат и останатите случаи, 26 тенисери и тенисерки аплицирале за медицинско изземање, кои биле пуштени во Австралија со идентично барање за изземање од ваквинација како и тоа на Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ моментно се наоѓа во хотел во Мелбурн кој се користи како притвор за мигранти и во него ќе биде најдоцна до понеделник, односно до одлуката на федералниот суд дали ќе му биде уважена жалбата или не на српскиот тенисер.
Однесувањето на австралиските власти кон Новак Ѓоковиќ и сместувањето во хотел за мигранти за многумина е дегутантно. Одговорот на тоа како изгледа животот во хотелот дојде вчера вечера кога Иранецот Мехди кој веќе девет години е сместен во овој хотел, откри дека тој е валкан и полн со инсекти.
– Поминав девет родендени тука, дојдов на 15 години, а сега имам 24 и се уште сум тука. Барам начин како да го исполнам денот, морам да преживеам, доколку успеам да заспијам тогаш се трудам да спијам подолго. Разочаран сум бидејќи сите ме прашуваат за Новак, се распрашуваат за хотелот поради него, а никој не прашува за нас. Некои од нас тука се заклучени со месеци и години. Никогаш не сум видел волку камери и внимание. Се надевам дека Новак ќе научи многу за нашата ситуација и за тоа ќе зборува во јавност – изјави Мехди.