Одбележување на Денот на албанската азбука во Влада / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Владата демантира: Исплатата за 400 пожарникари е во тек, СДСМ продолжува со ширење лаги

По обвинувањата од СДСМ дека пожарникарите кои беа ангажирани преку општините се уште не зеле плата, преку соопштение се огласи Владата.

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации“ велат од Владата.

Оттаму велат дека документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата.

„Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање!

За лицата кои се вклучени во оваа мерка ве информираме дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата“ велат од Владата.

Во јуни Владата најави дека има намера да вработи 400 пожарникари низ целата земја, млади, здрави луѓе, кои ќе сакаат да бидеат обучени за справување со пожари, како мерка, оваа сезона да може да одговориме на предизвиците со гасење пожари. Во јули беше распишан конкурс, на кој се пријавија повеќе од 500 лица, од кои најмалку во Скопје, иако за главниот град се бараа 80 пожарникари. Конкурсот беше продолжен уште пет дена, затоа што дел од заинтересираните не биле пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели за работа, што беше услов, за ова вработување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот