imgur

Вистинска зимска идила: Бајковити места кои мора да ги посетите барем еднаш во животот!

Кога доаѓа зимата и паѓа снег, овие места се претвораат во вистинска бајка

Туристичката посета на дворците станува сè попопуларна. Кога доаѓа зимата и паѓа снег, овие места се претвораат во вистинска бајка. Погледнете некои од нив.

Дворецот Елц се наоѓа во Германија, во близина на реката Мозел меѓу Кобленц и Трир. Елц е изграден во 12 век и неговиот средновековен изглед е уникатен бидејќи војните го заобиколиле. Колекцијата што може да се види во него се смета за една од најдобрите во Европа.

Лихтенштајнскиот дворец е изграден во 19 век во чест на средновековните витези на Лихтенштајн, на местото каде што имало замок од 12 век. Посетителите ги воодушевува камениот мост кој го спојува замокот на врвот на едната планина со другата планина.

Дворецот во Кохем е обновен во 1868 година откако Французите во 16 век целосно го уништиле. Првпат е спомнат уште во 1130 година. Овој дворец се наоѓа на ридот над реката Мозел, а во него се наоѓа богата колекција на ренесансен и барокен мебел.

Шверинскиот замок се наоѓа на езерскиот остров во Шверин, каде што стои веќе 11 векови. Прво бил дом на семејството Мекленбург, потоа факултет и музеј, а понекогаш служи за заседавање на собранието на сојузната држава на која и припаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот