Полициската станица во Кичево / Фото: МВР

„Виш полицаец“ од Кичево ќе одговара, тепал човек повикан во станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднел кривична пријава против Д.З., полицаец од Кичево, кој е осомничен за малтретирање во вршење на службата поради напад на човек кој бил повикан во полициската станица во градот.

„Пријавениот, на работно место виш полицаец, помошник-дежурен во Полициската станица Кичево, во просториите на Полициската станица Кичево физички нападнал повикано лице на 04.08.2025 во период кога бил на своето работно место. Д.З. неовластено употребил сила со намера да му нанесе на друго лице физичка или душевна болка или страдање“, велат од МВР.

Внатрешната контрола ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против полицаецот и ќе изрече задолжителни мерки за негово отстранување од работното место додека трае постапката, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот