Сообраќајна несреќа / фото: МИА

Виничанец седнал да вози со 2,88 промили алкохол во крвта – се превртел со „Голфот“, ама не е повреден

Крајно пијан жител на Виница синоќа возел со „Голф“ во Кочанско, при што изгубил контрола и се превртел со автомобилот, соопшти МВР. Тој е уапсен откако полицијата му измерила 2,88 промили алкохол во крвта.

„Денеска (14.06) во 00:06 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на патот. Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот