Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

ВИДЕО|Кадиров до заробен Украинец: Ќе ти дадам пиштол, можеш да умреш како херој, сакаш?

Рамзан Кадиров, близок соработник на претседателот Владимир Путин и авторитарен лидер на Чеченија, го шокираше светот со начинот на кој зборуваше со украинските воени заробеници.

Во видео објавено на социјалните мрежи Кадиров разговарајќи со украински воени заробеници, не еден од нив му понудил пиштол за да се самоубие. 

„Ќе ти дадам пиштол, можеш да пукаш во себе, можеш да умреш како херој. Не? Не сакаш? Види, овој човек сака да убива луѓе, но тој самиот не сака да умре. Тоа не е како што стојат работите во војна, луѓето убиваат и ги убиваат“, додава Кадјоров.

 

Видеото од разговор го емитувааше локалните чеченски медиумски платформи но и лично на „Телеграм“ каналот на Кадиров, пишува „Киев пост“.

По прегледувањето на видеото, „Киев пост“ објави дека се идентификувани најмалку 60 мажи на видеото, кои се прикажани како затвореници.

Во еден момент се слуша како Кадиров сугерира дека украинските затвореници не треба да се чуваат во затворен затвор, туку наместо тоа да бидат распоредени во државните објекти низ Чеченија како жив штит.

Според правилата на Женевската конвенција, користењето воени заробеници како жив штит е воено злосторство.

„Изгледа штотуку се вративте од одмор. Треба да ги ставиме овие момци да работат во градежништвото, да направиме видео како работат за американски сателити. Треба да ги ставиме на сите локации. Нека ги заштитат тие локации“, рече Кадиров.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот