Владимир Божиновски - аналитичар / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Владимир Божиновски, политиколог: Прашање е дали на следните избори, СДСМ ќе опстои како втора политичка сила во Македонија

Социјалдемократскиот сојз на Македонија (СДСМ) имаше неколку шанси во изминативе две и пол години да се избори за чесен пораз, со што ќе го сочуваше партиското јадро и ќе беше силна опозициска партија во парламентот со повеќе од 35 пратеници, смета политикологот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражува – Скопје (ИПИС).

Во утринската програма на Слободен печат, Божиновски посочи дека по локалните избори, за СДСМ ќе беше најпаметно да прогласи вонредни парламентари избори, кои ќе ги загубеше со многу помала разлика, одошто тоа е случај сега. Грешка било што и на тогашната опозиција во минатото не ѝ беше оставено да формира ново мнозинство во Собранието, како и што „Францускиот предлог“ не беше тестиран пред народната волја.

– И наместо силна опозиција којашто ќе се бори, којашто ќе се обиде да се бори веќе на наредите избори да има шанса да се врати на власт сега со соочуваме со распад. Сега на следните избори прашање е дали СДСМ ќе успее да опстои како втора политичка сила во Македонија – вели Божиновски.

Политикологот смета дека за разлика од СДСМ, ДУИ е во многу подобра кондиција и дека нема ништо драматично да се случува во органите на оваа партија, барем не во наредниот период.

Што се однесува до новата владејачка структура, тој смета дека набргу ќе биде објавена коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, а очекува на власта да и се приклучат и пратениците на ЗНАМ. Божиновски е сигурен дека борбата против корупцијата ќе биде во фокусот на вниманието на јавноста, а секако дека битна тема ќе биде и општата економска состојба.

Целото интервју со гостинот проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот