Ѓорѓи Тренов/Фото: Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тренов: Скопје има пет-френдли фризерски салон, дојдете со вашите миленичиња

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал.

Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест, но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба, за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Ѓорѓи Тренов е фризер и сопственик на пет-френдли фризерски салон во Скопје. За „Слободен печат“ вели дека во делот од салонот има специјален дел каде што кучињата имаат свое катче, за да знаат и другите дека и тие се дел од овој салон.

– Мојата желба беше да учам музичко училиште. Само што завршив основно, моите немаа доволно финансии за да се запишам таму и опцијата ми беше или да учам занает или ништо. Почетоците ми беа во Струмица. Таму работев околу три-четири години – вели Тренов.

Ѓорѓи Тренов/Фото: Драган Митрески

Во времето кога го учел занаетот, модата била сосем поинаква.

– Во тоа време се знаеше каква е модата во Струмица, тапирање, големи коси. Во Скопје сум веќе 12 години. Верувам дека сум првиот што има такво катче или куќичка за кучињата во некој салон -вели Тренов.

Ѓорѓи Тренов/Фото: Драган Митрески

Освен љубов кон кучињата, многу сака зеленило, вели дека тоа нуди посебна енергија. За младите има посебна порака. Им порачува да веруваат во себе, да работат повеќе.

– Трудот ќе се исплати. И бидете со луѓе кои ве поддржуваат – вели Тренов.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот