Жанета Скерлев / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Судии и обвинители за погрешни пресуди „на тацна“ во Британија

Велика Британија прави драстични промени во судството, коренити измени во законодавството. Грозоморните убиства коишто се случија во последните неколку години ја разбудија јавноста да покаже револт кон надлежните. За последните случувања во Обединетото Карлство разовараме со новинарката и дописничка од Лондон за „Слободен печат“ Жанета Скерлев.

Кога надлежните не си ја вршат својата работа, како што вели Скрелев, се случуваат инциденти, се случуваат убиства, се случува нешто со долгорочни последици не само за семејството, туку и воопшто за општеството.

– Не е доволно владата да каже, да, ние ќе преземеме активности, народот бара да се посочат оние кои не си ја вршиле работата како што треба. И тоа е нешто што се случува за првпат во оваа земја, видејќи тука има разни судења и убиства, не ги гледаме тука ни адвокатите, не ги гледаме ни судиите. Понекогаш само за некој голем случај можеби ќе биде спомнато, не се медиски личности учесниците од процедурите. Но сега е одлучено да се донесе закон да се именуваат. И како што рече мајката на една од загинатите студентки од Нотингем, не е ова за да бараме ние крвна освета, туку за да знаат дека не може да се кријат зад институциите. Не може да биде„ јас сум член на судскиот совет негде или на адвокатската комора или на завод за ментално здравје“. Треба да се именуваат со име и презиме за да размислуваат и тие и другите кога донесуваат одлуки, тоа да бидат издржани одлуки и да ги проследуваат, да ги следат – рече Скерлев.

Јавниот срам стигнал до оние помалку совесните, па веќе почнале да се појавуваат оставки.

– Премиерот се појави на телевизија, министрите кажуваат што е направено, со кого е разговарано, дека е независна истрага, дека најеминентни стручњаци се викаат при истрагата. И така јавноста добива информации дека сериозно се работи на истрагата. Родителите за случајот во Нотингем не беа задоволни од тоа како полицијата си ја вршала работата, тие и нивните роднини извршија притисок за нова истрага и беше обезбедена, владата обезбеди нова изтрага и тоа не ја платија истрагата родителите, ја плати државата. И таа независна истрага доведе до покажување на проблемите во системот дека некои луѓе не си ја вршеле работата како што треба. И сега од кога го установивме тоа дека некои луѓе не си ја вршеле работата, имаме извинувања, имаме оставки, имаме именувања на надлежни кои не си ја вршеле работата – вели таа.

Во Велика Британија донесена е и одлука да се укине заштитата на приватност во судовите за малолетници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот