Ивица Поцков/Фото: Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Поцков: Опасниот воздух зема жртви, потребни се надворешни прочистувачи како „Аеро Ес“

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини… се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Ивица Поцков се занимава со изработка на фотоволтаични централи и обновливи извори на енергија и со неговиот тим досега, има инсталирано повеќе од триесет мегавати моќност. За „Слободен печат“ вели дека со тоа придонел директно кон енергетската транзиција на државата кон зелена енергија.

Ивица Поцков- Аеро с- прочистувач на воздух/Фото: Слободен печат

-Се почувствувавме должни и го конструиравме „Аеро Ес“, уред што има за цел да биде инсталиран на високофреквентни места и штетните ПМ-честички ги задржува во себе и не дозволува да се шират во околината. Се занимавам со изработка на фотоволтаични централи и обновливи извори на енергија и со тоа придонесуваме директно кон енергетската транзиција на државата кон зелена енергија- вели Поцков.

Идејата за создавање на надворешен прочистувач за воздух дошла од првите мерења низ земјава.

– Идејата за надворешен прочистувач дојде со инсталирањето на првите мерни станици каде што директно видовме со што се соочуваме, односно колку е опасен воздухот што го дишеме и колку жртви или компликации поттикнува тој загаден воздух- вели Поцков.

Аеро с- прочистувач на воздух/Фото:Слободен печат

Првиот уред што го инсталирале е во центарот на Скопје и во период од неколку недели, тој во себе задржал големо количество опасни честички.

-Бидејќи сметаме дека е многу важно да се крене свеста кај граѓаните и борбата против загадениот воздух, во којашто сите ние на некој начин сме учесници и придонесуваме, дали со возилата, дали со загревањето. Овој уред има за цел да ги вшмукува честичките и да биде инсталиран на што повеќе локации, со тоа што нема да се шири во околината концентрацијата на честички. Во зависност од потенцијалниот загадувач, инсталираме соодветен тип филтри, дали се тоа механички или електростатски филтри. За уредот имаме добиено многу награди како и помош од Фондот за иновации- вели Поцков.

Аеро с- прочистувач на воздух/Фото: Слободен печат

„Аеро С“ го филтрира воздухот до 70% и ги задржува штетните ПМ честички, а со процесот на фотоелектрохемиска оксидација дел од честичките се разградуваат додека останатите се задржуваат на филтрите.

Целото интервју на Колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!