
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Михајловска: Помалку препишувања на матурскиот испит годинава, казни само за препишувачите, но не и за тестаторите
На 1 јуни се полагаше првиот дел од матурскиот испит по мајчин јазик. Матурантите од државава формираа Вибер група, излегоа информации дека масовно се препишувало. Дали и за кого ќе има казни, за кого ќе биде поништен испитот во утринската емисија „Слободен печат“ одговор побаравме од првиот човек на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска.
Препорачано
-На 1. јуни се случуваше она што се случува 15 години наназад. Еден процес кој е многу сложен и кој инволвира многу учесници и е многу важен за нашиот образовен систем и за учениците. Мене ми е жал што целата таа состојба се сведе само на дискусија за препишувањето наместо за текот на матурските испити и колку е тоа важно за матурантите, како заокружување на нивното средно образование и како услов за влез во високото образование. Сето ова практично се анулира бидејќи се дискутира само за тоа колку препишувале. Забораваме дека од тие 15.000 ученици, најголемиот дел поминале еден процес што е многу важен во нивниот живот-вели Михајловска.
Таа вели дека е жално што само на препишувањето се обрнува внимание, но таква е ситуацијата.
– Некои од учениците не го испочитувале правилото да не користат мобилни телефони, но не го испочитувале правилото ниту возрасните кои требало да им предочат дека не треба да го прават тоа или доколку забележале да им го одземат телефонот, да ги отстранат да го испитаат. Бидејќи тоа се правилата што се уредени со правилници, дека ученикот мора да го остави телефонот на влез, а дека ако влезе на испит, извади телефон, тогаш тестаторот е должен да го отстрани од испитаат. Значи, тука правилата не ги почитувале ниту учениците, ниту оние тестатори каде што имало такви ученици. Среќа не се многу-вели Михајловска.

За препишувачите вели дека тие го извлекуваат најдебелиот крај. Секој носи одговорност за она што го прави. Тоа што нема одговорност за одредени луѓе законски дефинирана е пропуст на законите.
– Во законот се дефинирани начините на кои би се казниле луѓето што се инволвирани во правењето на тестовите, како би биле казнети учениците коишто ги прекршиле правилата. Помеѓу не е регулирано кои мерки би се презеле за некој друг чинител во процесот, дали директорот што не го организирал процесот, дали наставниците што не ги информирале учениците, а требало да ги информираат за одредени работи или тестаторите коишто учествуваат во процесот и треба да го почитуваат тој правилник. Треба да се работи на тоа-вели Михајловска.
Тие како Државен испитен центар ќе ги лоцираат сите овие работи и ќе започнат иницијатива до надлежните институции коишто ги носат правилниците и законите да направат измени во смисла и на наградување и на казнување на луѓето коишто се инволвирани во процесот.
-Јас искрено верувам и мислам дека имаме многу помалку препишување од претходните години заради големиот простор и новите правила што ги воведувавме ова година. Јас верувам во тоа. Не можам да тврдам затоа што не ги знам податоците. Меѓутоа, верувам дека и оваа новина ќе придонесе да се намали бројот на препишувачи. Ова е мојото верување, а дали ќе докажам јас или Државен испитен центар или Министерството за образување дека сме спровеле добра мерка, ќе знаеме на 8 јули кога ќе констатираме колку ученици препишувале или не препишувале и дали тие бројки споредени со претходните години се промениле како резултат на овие мерки што сме ги превеле-вели директорката на ДИЦ.
Таа со порака до учениците дека ако се случила грешка на првиот ден на полагање, да ја прават грешката и на вториот ден, кога се полага англиски јазик.
– Апелирам до учениците да не ги прекршуваат правилата. Апелирам и до родителите. Сега не можам да им држам лекции на родителите како да ги воспитуваат децата, ама не гледам поента некој родител да му каже на детето земи два телефона, еве ти го и мојот телефон, третиот, па ако го земат едниот, користи го мојот. Така што мојата препорака е сите да ги почитуваат правилата, учениците да си ја завршат работата, бидејќи не треба самите на себе да си прават стрес и проблеми таму кога што ги нема-вели Михајловска.
Целото интервју погледнете го во продолжение: