
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Конечно учениците сами ќе одлучуваат за изборните предмети, вели Мухамед од Сојузот на средношколци
Најавените реформи на гимназиското обарзовние предизвикаа позитивни вибрации кај гимназијалците, според Берин Мухамед, претседател на Сојузот на средношколци. Како што вели тој за „Слободен печат“, предложената концепција од Министерството за образование и наука нуди можност учениците сами да ги одбираат изборните предмети, што не била досегашна пракса. Откако ја доставиле концепцијата до сите претставници од училиштата, овој предлог предизвикал најголемо внимание.
Препорачано
– Во последните 20 години изборните предмети генерално не биле избирани од страната на страношколците, туку за нив одлучувале класниот, стручната служба, директорот или самиот човек што ја направил програмата за таа година. Со предложената нова концепција за гимназиско образование конечно самите ученици ќе имаат право да ги изберат предметите што сака да ги следат во трета и четврта година, а истовремено имаат и слободен изборен предмет. И тука веќе ќе се изгуби тоа ученикот да нема шанса на глас во неговиот избор, што е многу важно. Ова е одлична промена во образовниот систем – вели Мухамед.
Гимназијалците го сакаат предметот Граѓанско право
– Сојузот даде предлог до МОН, бидејќи последниве години се трудиме Граѓанското образование да постои како задолжителен предмет сите години, но според анализите што ги направивме летото со двајца професори, видовме дека во државите каде што предметите Граѓанско образование, Медиумска писменост, Финансиска писменост и Дебата, се децентрализирани и има многу подобар ефект, па затоа и со новата концепција се предвидува овие четири теми да бидат вметнати во сите програми на сите предмети, значи да бидат целосно децентрализирани – рече Мухамед.
Сојузот на средношколци има конекција со сите училишта, вклучувајќи ги и приватните, каде што има ученички заедници. Свесни се за пропустите, како што вели нашиот соговорник, дека врската со некои средни школи им е недостижна бидејќи немаат престставници.
– Ја користиме можноста и со новата концепција предложивме и предлог-закон за ученичко организирање. Тоа ќе биде или посебен закон или можеби ќе се спои со Законот за студентско организирање. На тој начин секое училиште ќе треба да формира ученичка заедница, ова нема да биде добро само за средношколците, туку и генерално за државата, бидејќи тоа ќе им даде простор на средношколците да го развиваат критичното мислење и нормално да бидат активни граѓани во општеството – рече тој.
Сојузот на средношколци во моментов брои 146 членови.