Кики Лесендриќ - Фото: Промо

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Кики Лесендриќ и Пилоти“ на 19 септември со концерт во Скопје: Следува ексклузивно интервју за „Слободен печат“

Фронтменот на легендарната група „Пилоти“, харизматичниот Кики Лесендриќ со својот бенд на 19 септември ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје. Поводот е нивната концерта средба со македонската публика на која ќе ги изведат најголемите хитови што ја обележаа музичката сцена на поранешна Југославија, меѓу кои и „Као птица на мом длану“, „Када сањамо“, „Негде дубоко ту“, „Лето“ и уште многу други.

По тој повод, направивме краток телефонски разговор со Кики, а тој не ја криеше возбудата што повторно ќе биде пред македонската публика. Го прашавме и што најмногу го врзува за Македонија и македонската публика, а тој со доза носталгичност одговори:

„Кога излезе песната „Заборављени“, а поминаа многу години од тогаш, некако во Македонија доживеа, ми се чини вистинска „експлозија“ и тогаш имавме многу концерти. Тоа беше во 90-тите години, тие блесави, воени, одвратни, но во Македонија ни беше супер и се сеќавам во Кавадарци имавме 18 концерти, ден за ден. Дојдевме само за 2, а останавме 18 дена. Така го засакав и македонското грозје, вино, девојките и убавите насмевки ми останаа во сеќавање. Така песната „Заборављени“ некако секогаш е врзана за Македонија“.

Тој додаде дека концертот во „Јавна соба“ ќе биде вистинско патување низ три и пол децении музика и песни што оставија трага кај неколку генерации.

Покрај најавата за концертот, „Слободен печат“ открива дека за време на престојот на „Кики и пилоти“ во Скопје ќе снимиме и ексклузивно видеоинтервју, во кое фронтменот ќе зборува за својата богата кариера, инспирациите и идните проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот