Др - Миленко Костов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Др - Миленко Костов - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Костов: Биопсии и операции на мозок со минимални резови се прават со невронавигација

Околу 6 до 8 луѓе на 100.000 годишно заболуваат од тумор на мозокот во регионот. Македонија нема точна статистика, но според експертите бројките се движат во рамки на европската статистика. За да се утврди дали станува збор за рак или бениген тумор се прави биопсија. Од неодамна биопсијата на глава во Аџибадем Систина се прави со мали резови благодарение на новиот апарат за невронавигација. За методите кои ги нуди апаратот, но и за можностите кои ги дава во лекување на Паркинсоновата болест со вградување на импланти зборуваме со доктор Миленко Костов, невро-хирург од приватната болница Аџибадем Систина.

Докторот вели дека станува збор за сложен апарат којшто се состои од повеќе сегменти.

– Ни овозможува пронаоѓање на длабоки туморски промени при што ги избегнуваме нервните патишта, крвните садови и кој било потенцијални моменти коишто можат да настанат, без да се повреди, односно, оштети мозокот. Овој апарат функционира на два принципи. Едниот е со инфрацрвена навигација, односно, со инфрацрвена камера којашто ги препознава структурите коишто му се претходна зададени, а вториот е со електромагнетно поле – вели Костов.

Тој објаснува дека предноста на користење е што има многу мали резови. Многу е прецизен и исклучително безбеден.

Др - Миленко Костов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Др – Миленко Костов – Фото Слободен печат – Методи Здравев

– За прв пат ни овозможува да изведеме длабоки мозочни биопсии коишто беа недостапни во нашата држава, не се правеа, потоа ни го овозможува да третираме длабоки мозочни тумори, при тоа безбедно да ги извадиме. Кај самиот апарат постои и опција за вградување на одреден тип на импланти со коишто се контролира и подобрува движењето кај Паркинсоновата болест. Третиот сегмент што е многу важен е иновативност во спиналната хирургија, што може со минимално инвазивни методи, односно со мали резови да се извршат операции на стабилизација и фиксација на ’рбетот, кој порано траеја многу долго и беа многу тешки за поднесување од самиот пациент – вели Костов.

Тој објаснува дека со биопсијата на туморот точно се одредува за каков тип на рак станува збор и врз основа на тоа се дава онколошката терапија. Шесто се случува пациентот и да не се оперира, бидејќи туморот исчезнува после хемотерапијата.

-Тоа беше и целта, дека практично оперативно не мора да се решава туморот да се отвора главата. Со минимален траума, вадиме максимален бенефит. Оперативниот зафат се скратува, а со тоа и времето на закрепнување – вели докторот.

Истиот апарат овозможува вградување на импланти кај Паркинсоновата болест.

– Еден од главните симптоми кај оваа болест се неволните движења. Постојат опции за вградување на импланти со коишто тоа движење се контролира и често тие интервенции се изведуваат додека пациентот е буден – вели Костов.

Др - Миленко Костов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Др – Миленко Костов – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Тој објаснува дека невронавигацијата дозволува операции на други делови од тело. Кај нас се прават и интервенција на ’рбетниот, на кичмата.

– Со мали резови се поставуваат стабилизациони материјали и сето она што порано било навистина мачно, тешко, како за самиот пациент, така и за екипата внатре во сала, сега и времето на траење се скратува и опоравокот е побрз. Процесот на физикална терапија, исто така се скратува, така да добивате еден пациент којшто, ако истиот проблем, пред известно време му требале 3 до 6 месеци за да се врати во социјалните текови, секојдневни, сега истото време може да биде и по-малку. Зборуваме не за скршеници, меѓутоа за невролошки проблеми – вели докторот.

Апаратот се користи без ограничување на возраста од најмала возраст, па се до возрасни пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот