Венко Биковски - поранешен пилот / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Биковски: Единствен случај во светот со упад во контрола на летање, Еуроконтрол може да нѐ направи „црна дупка“ на Балканот

Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.

– Она што го знаме од вчера е дека група насилници поминале три „парни“ бариери и влегле во собата на Контролата на летање. Како успеале да поминат обезбедување на аеродром, тоа не е јавна површина, е прашање за кое треба одговор. Тука не може да влезат луѓе кои немаат пристап, не можат да шетаат. Втората „парна“ брана е каде што е кулата на Контролата на летање. Тука не може да влезе човек кој е неовластен, кој не е таму вработен. Само со специјална дозвола се влегува тука ако не си дел од вработените. Трета брана е собата во која се вработените, тука влегуваат само тие кои се на смена тој ден. Пропуст кога се поминуваат три бариери е нешто што до сега е невидено никаде во светот-вели Биковски.

Венко Биковски – поранешен пилот / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На прашањето дали е избегната катастрофа во тие 15 минути додека траела тепачката, Биковски вели дека во секоја несреќа има малку среќа.

– Среќа е што тепачката траела кратко, но последиците кои останале од тој упад се анулирани од контролорите и сообраќајот одел понатаму како што треба. Професионално е завршена работата. Но не е лесно кога ти како контролор ќе работиш под стресни услови и ќе се прашуваш дали некој пак ќе ти влезе и ќе те нападне, а ти си одговорен за сѐ. Авионот не може да стои, ако стои ќе падне. Луѓето се обучени во такви ситуации што да се прави. Тоа се канали, дадени се инструкции, искуството ви кажува што да правите во такви ситуации. Цела среќа што сите авиони биле во прелет. Немало ниту еден што сакал да слета на Скопски аеродром, вели Биковски.

Според него, цела среќа што немало авион кој требало да слета.

– Кога нема контакт со контрола на летање чекате одредено време, барате инструкции од некој друг аеродром каде може да слетате, се е направено патникот да е безбеден. Но што се случува во таков момент? Наместо од точка А до точка Б, патникот стигнува на точка Ц, бидејќи банда хулигани упаѓаат и некој не може да си ја работи работата, вели Биковски.

Тој објаснува дека во авијацијата нема рамковни вработувања, законите се испишани со крв, овде се вработуваат само кадри кои се способни, не е битна партиска или верска припадност.

Венко Биковски – поранешен пилот / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Аеродромот е државна сопственост, треба војска и полиција да го обезбедува, а не приватно обезбедување. По кој критериум се прима обезбедување кое е приватно? Тешка злоупотреба на надлежностите е направена, вели Биковски.

Според него, допрва ќе има реакција од Еуроконтрол. Тој вакви пропусти веќе нема да дозволи. Ќе преземат акции и мерки, да се најдат причинители на вакви настани и исти да се отстранат.

– Веројатно Еуроконтрол ако не направиме сами нешто може да не исклучи од целиот систем и да останеме една дупка во Европа. Ќе дигне раце од нас. Во најблага варијанта ќе донесе свои луѓе кои ќе го работат тоа ако сме им битни во воздушниот простор, вели пилотот.

Тој објаснува дека никој не ги почитува законите.

– За жал Пандорина кутија е отворена. Во авијација во секој сегмент се случува исто. Авијацијата е привлечна поради добри плати, има мислење дека ништо не се работи, платите се високи, се примаат кадри кои се неквалификувани. Но тоа авијацијата не го трпи. И тогаш се случуваат катастрофи. Кога ќе изгинат луѓе тогаш вината се бара во нив. Им даваме полна поддршка на Синдикатот на контролата на летање од професионалните пилоти на Македонија. Ако некој може да ги разбере тогаш тоа сме ние, вели Биковски.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!