Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

ФОТО+ВИДЕО | Лијам Пејн од „Уан дајрекшн“ пронајден мртов: Пејачот паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес

Лијам Пејн, поранешен член на популарниот бенд „Уан дајрекшн“ (One Direction), починал откако паднал од третиот кат во хотел во Буенос Аирес, соопшти тамошната полиција.

Според полициското соопштение пренесено од агенцијата АФП: „Лиам Џејмс Пејн, композитор и гитарист, поранешен член на групата „Уан дирекшн“, почина денеска откако падна од третиот кат на хотел во Буенос Аирес.“

Околностите на смртта не се познати, но изворите наводно рекле дека тој се однесувал „непредвидливо“ во лобито на хотелот претходно истиот ден и дека го скршил својот лаптоп.

Во друго полициско соопштение, по утврдувањето на смртта, било утврдено дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик во кој „биле известени за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“.

Кога пристигнале, главниот службеник рекол дека слушнал силен звук во внатрешното лоби на хотелот.

Пејн (31) беше во Аргентина претходно овој месец на концерт на неговиот поранешен колега од бендот Ниал Хоран, објави американскиот портал ТМЗ.

Непосредно пред смртта, Пејн на социјалните мрежи сподели видео од својот престој во Аргентина со девојката Кејт Кесиди. Неговата последна објава покажува дека двајцата позираат заедно. Во една од своите објави напиша: „Среќен сум што добив малку време“, додека во втората објава напишал „Прекрасен ден во Аргентина“.

 


Пејн стекна светска слава како член на групата „Уан дајрекшн“. Учествуваше во Икс-фактор во 2008 година како соло изведувач, но без голем успех.

Во 2010 година, Сајмон Кауел формираше група во која беше вклучен Лијам Пејн и подоцна се проби со бројни хитови. Со бендот издаде пет студиски албуми, а во 2019 година го издаде првиот како солист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот