ВИДЕОАНКЕТА: Дали знаете што е СФРЈ? фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА: Дали знаете што е СФРЈ?

Што имаат да кажат повозрасните за СФРЈ, а колку се запознаени помладите со историјата на некогашната држава? „Слободен печат“ ги праша едно едноставно, но значајно прашање:

 Што значи кратенката СФРЈ?

Поголемиот дел од анкетираните точно одговорија: Социјалистичка Федеративна Република Југославија – држава што обединуваше повеќе народи и култури во период од Втората светска војна, па до почетокот на деведесеттите години.

Но, одговорите на младите варираа.

– Не сум баш сигурна што значи… ама можам да пробам. Ајде, помогни малку – несигурно призна една девојка.

Ова само го потврди недоволното познавање на историјата кај помладата популација.

Интересен одговор добивме и од една госпоѓа, која рече:

– СФРЈ… тоа е Скопје, целата држава.

Кога темата ја префрливме на животот во СФРЈ, еден повозрасен господин ни објасни дека тогашниот систем бил подобро организиран, со повеќе дисциплина и ред.

Млада девојка, која за тоа време слушала од своите родители, рече:

– Животот бил подобар – имало повеќе сигурност и убавина, но и ограничувања, особено кога станува збор за храна и производи.

На прашањето што најмногу ѝ недостасува од тоа време, една постара госпоѓа искрено ни сподели:

– Ми недостасува сè од тоа време. Буквално сè – социјалниот живот, играњето со друштво, тоа што не се грижевме за ништо… буквално – за ништо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот