Фото: Слободен печат/Принскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали треба да се поништи матурскиот испит за сите или само за поединци?

На први јуни матурантите го полагаа првиот испит од матурата. На полагањето на мајчин јазик регистрирано беше масовно препишување од страна на учениците. Дел од нив препишуваа од мобилен телефон, но имаше и такви кои бараа и добиваа помош од тестаторите. Два дена пред полагање на вториот испит кој е дел од матурскиот испит „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали треба да се поништи матурскиот испит за сите или само за поединци?

Скопјани поделни со мислењата. Дел мислат дека треба да се поништи целиот испит за сите ученици, други пак само за препишувачите

-Имало препишувања во некоја Вибер група-вели скопјанец.

Друг објаснува дека ова е пракса секоја година.

-Свесен сум за тоа дека се препишува, не само оваа година, и во текот на изминативе години- вели скопјанецот.

Млада девојка вели дека и во нејзино време се препишувало. На прашањето дали треба да се поништи матурскиот испит за сите или само за поединци најголем дел велат дека треба да се поништи за сите. Но има и такви кои мислат дека треба да бидат казнети само тие кои препишувале.

Повозрасна госпоѓа смета дека треба да се смени целиот концепт и начинот на кој се спроведува испитот за матура.

Друга пак смета дека подобро е да се воведе приемен испит за факултет наместо да се полага матура.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот