Фото: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Дали се чувствувате безбедно како жена во Македонија?

Колку системот ги заштитува жените во Македонија? Дали тие се чувствуваат безбедно да прошетаат сами навечер, без придружба?

За жал, нашето општество сведочи за бројни фемициди, а чашата ја прелеа последниот случај со убиството на Росица Коцева од Велес , каде насилникот ја убил и неа и нејзиниот татко, а на крајот си го одземал животот.

„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша припадничките на понежниот пол, дали се чувствуваат безбедно како жена во Македонија, дали познаваат жена која доживеала фемицид и што сметаат дека треба да се преземе за да не се случуваат фемициди повторно?

Секоја од анкетираните одговори дека не се чувствува безбедно во Македонија.

– Не се чувствувам безбедно. Со сѐ што се случува наоколу во последно време, воопшто не се чувствувам безбедно и тоа е жално – изјави една од анкетираните.

На прашањето што сметаат дека треба да се преземе за да не се случуваат фемициди и жените да не бидат напаѓани, одговорија:

– За почеток, да почнат да ги слушаат луѓето и кога некој ќе отиде да пријави нешто, да се направи нешто во врска со тоа, не само да се изигнорира и да се тргне случајот на страна со изговор: „Ајде ништо не е, ќе помине – кавга помеѓу дечко и девојка или сопруг и сопруга“. Не е така едноставно тоа, значи некој конечно собрал храброст да направи нешто, да пријави и никој не се замара со тоа, небитно е – вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот