Вулканот Кључевској на Камчатка/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Земјотресот на Камчатка разбуди вулкан на полуостровот

Вулканот Кључевскаја Сопка, кој се наоѓа на полуостровот Камчатка во рускиот регион Далечен Исток, почна да еруптира по силниот земјотрес што го погоди Тихиот Океан, објави државната новинска агенција РИА, според Ројтерс.

Според прелиминарните информации, врела лава тече по западната падина. Над вулканот е видлив силен сјај и се слушаат експлозии.

Минатата недела, спасувачите советуваа да не се посетува вулканот, како и многу други вулкани, поради зголемена активност. Вулканот Кључевскаја Сопка, кој е висок 4.850 метри, се наоѓа во регионот Уст-Камчатски. Последна ерупција имаше во април годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот