Фото: Screenshot

ВИДЕО: Земјотрес ја прекина прес-конференцијата на грчкиот селектор

Селекторот на фудбалската репрезентација на Грција, Иван Јовановиќ, доживеа несекојдневна ситуација на прес-конференцијата која ја одржа по натпреварот со Данска во рамки на квалификациите за Светското првенство.

Додека српскиот стратег зборуваше пред новинарите,  земјотрес ја потресе просторијата и во еден момент сè почна да се тресе, а камерите забележаа како изненадениот Јовановиќ застанува и зачуден гледа околу себе.

Несекојдневната сцена брзо се прошири на социјалните мрежи, а иако земјотресот не предизвика поголеми последици, краткиот момент на паника стана вирален.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот