Ивона Јовановиќ Јо
Ивона Јовановиќ / Фото: Принтскрин Инстаграм

ВИДЕО | „Збогум 63 килограми“: Неверојатната трансформација на Ивона Јовановиќ

Младата пејачка Ивона Јовановиќ, која настапува под естрадното име Ивона Јо, цел живот се бори со вишокот килограми. Низ годините, таа ги користеше социјалните мрежи како простор каде споделуваше позитивни пораки до своите следбеници дека треба да се прифатат такви какви што се.

„Буквално цел живот сум учена дека дебелите девојки носат само широка облека, покриен задник со џемпер. Што е можно повеќе слоеви на гардероба за да не се види дека е вишокот залепен. Вишок кој општеството го карактеризира како дебела, грдотија, не се грижи за своето здравје, како може да си дозволи на тоа тело хеланки или пак танги и слично… Вистинската тајна во постигнување на комплетна самодоверба не е да престанеш да се грижиш што другите ќе кажат за тебе, туку што имаш ти да си кажеш на себе. Избери приоритет и грижи се за себе. Затоа што тоа е единствениот пат кој води до себеприфаќање“, изјави Ивона своевремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Сепак, колку и да се сакаме себеси такви какви што сме, здравјето е најважно. Затоа Ивона реши да направи операција за стеснување на желудникот во Турција и за само шест месеци доживеа неверојатна транформација на физичкиот изглед.

„Хеј, Ивона. Ти благодарам за сѐ! Збогум 63 килограми“, напиша Ивона, објавувајќи видео кое го сведочи нејзиниот прогрес во намерата да се чувствува поздраво.

Ивона, секоја чест!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

ФОТО | Резултатите се повеќе од видливи: Ивона Јо ослабе 41 килограм, направи моќна тетоважа и освојува со својот изглед и моден избор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот