Фото: Твитер

ВИДЕО: Застрашувачко торнадо корнеше дрвја, оштети куќи и урна далноводи во САД

Во американските држави Алабама и Кентаки, силно торнадо денеска оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил.

Градоначалникот на градот Селма, Џејмс Перкинс, изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зграда, а можно е уште едно лице да се води за исчезнато, пренесоа светските агенции.

Повеќекратни предупредувања за торнадо се издадени денеска во јужните држави Алабама, Мисисипи и Тенеси. Националната метеоролошка служба во Луисвил, Кентаки потврди дека торнадо ЕФ-1 ја погоди областа Мерсер и дека има соборени далноводи, оштетени куќи и паднати дрвја.

Во соопштението на Националната метеоролошка служба во Бирмингем се вели дека торнадото предизвикало штета во градот Селма, како и низ другите окрузи во Алабама.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо во неколку области северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.

„Ова е ситуација е опасна по живот. Засолнете се веднаш”, предупреди метеоролошката служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!