Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Вучиќ го посети во болница министерот Глишиќ: Се чувствува подобро, разговарав со него

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека го посетил министерот Дарко Глишиќ во Ургентниот центар откако доживеал мозочен удар, наведувајќи дека разговарал со Глишиќ и дека се чувствува подобро.

„Дојдов во Клиничкиот центар на Србија и го посетив Дарко Глишиќ и сакам да ви кажам прекрасни вести. Дарко е подобро, разговарав со него. Тој сè уште се мачи малку, но не можам да ви ја опишам мојата радост и неговата. Србија не може да биде поразена. Нема предавање, да живее Србија“, рече претседателот синоќа на инстаграм-профилот „buducnostsrbijeav“.

Министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, кој доживеа мозочен удар за време на гостувањето на ТВ Пинк, беше опериран и се наоѓа на одделението за интензивна нега во Клиничкиот центар на Србија, изјави синоќа министерот за здравство Златибор Лончар.

Лончар изјави дека интервенцијата била сложена и комплицирана и дека траела подолго од вообичаеното бидејќи, како што изјавил, биле оштетени два крвни сада, пренесува РТС.

„Едниот голем крвен сад беше целосно блокиран, а другиот не само што беше блокиран, туку и крвареше. Лекарите успеаја да го решат проблемот со двата крвни сада и сега тие имаат проток на крв“, изјави Лончар за новинарите во Ургентниот центар, се наведува во текстот.

Како што истакна синоќа, Глишиќ е сè уште во сериозна состојба и го очекува сериозна борба.

„Причината е елиминирана, но ќе видиме како неговото тело ќе реагира на понатамошната терапија што мора да ја добие“, рече Лончар.

ВИДЕО | Српски министер доживеа мозочен удар за време на гостување во ТВ емисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот