Американски пожарникари/Фото: EPA/STAN GILLILAND

ВИДЕО | Вонредна состојба во Северна и Јужна Каролина поради 175 пожари, жители се евакуираат

Пожарникарите во Јужна и Северна Каролина се борат со повеќе од 175 шумски пожари кои избувнаа во текот на ноќта, а условите се особено опасни поради силните ветрови и сушата. Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи вонредна состојба.

Пожарите им се закануваат на домовите и предизвикаа евакуација, а властите продолжуваат со операциите за гаснење на пожарите низ целиот регион.

Пожарите во кои изгореа вкупно повеќе од 4.200 хектари, ги зафатија областите во окрузите како Хори, Спартанбург, Оконе, Унион и Пикенс во Јужна Каролина. Еден од најголемите пожари, кој гори во шумата во близина на Миртл Бич, изгоре повеќе од 1.200 хектари и продолжува да ги загрозува локалните заедници.

Овој пожар продолжува да се шири и ги загрозува областите околу Миртл Бич и другите околни заедници, а евакуацијата продолжува. Од противпожарната служба, иако вложуваат големи напори, известуваат дека пожарот се уште не е локализиран.

Во исто време, гувернерот на Јужна Каролина издаде извршна наредба, со која ги зајакна напорите на пожарникарите и ги обезбеди потребните ресурси за гаснење на пожарите. Дополнително, беше издадена забрана за палење во целата држава, со предупредување дека прекршителите може да се соочат со сериозни правни последици.

Гувернерот преку објава на социјалните мрежи ја истакна сериозноста на ситуацијата, наведувајќи дека пожарникарите „ги ризикуваат животите“ за да ги локализираат пожарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот