Иранска телевизија во живо додека беше бомбардирана од Израел

ВИДЕO | Во живо прекинати – Израел ја погоди иранската државна телевизија

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во понеделник изјави дека иранската државна телевизија и радио се „на работ на исчезнување“ откако беше издадено предупредување за евакуација за област во Техеран

Веднаш по изјавата израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напад врз новинската мрежа на Исламската Република Иран (IRINN), која ја води државната медиумска организација IRIB, соопштија израелски извори.

Видео објавено на социјалната мрежа X ја прикажува иранската државна телевизија како емитува во моментот кога, очигледно, програмата била прекината од нападот. Иранската државна телевизија објави дека била нападната од Израел, кратко откако израелскиот министер за одбрана предупреди дека иранската државна телевизија и радио ќе „исчезнат“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац неодамна изјави дека иранската државна телевизија и радио се „на работ на исчезнување“ откако беше издадено предупредување за евакуација за област во Техеран каде што се наоѓа нивното седиште.

„Мегафонот за пропаганда и поттикнување на Иран наскоро ќе исчезне“, рече тој во соопштението.

„Евакуацијата на жителите во близина започна. Израелската армија ги повика жителите на дел од северниот Дистрикт 3 во главниот град во понеделник „веднаш“ да се евакуираат, велејќи дека има намера да изврши воздушни напади во областа“, објави Ал Арабија.

„Во наредните часови (израелската армија) ќе дејствува во областа, како што правеше во последните денови низ целиот Техеран, за да ја таргетира воената инфраструктура на иранскиот режим“, соопшти армијата на својот X на персиски јазик.

Областа одредена за евакуација е луксузен дел од иранската престолнина, каде што се наоѓаат најмалку четири болници и медицински центри, голема полициска зграда и државната радиодифузна агенција IRIB.

Исто така, таму се наоѓаат голем број амбасади, вклучувајќи ги Катар, Оман и Кувајт, како и канцелариите на ОН и агенцијата Франс Прес.

Претходно во понеделник, израелската војска соопшти дека постигнала „целосна воздушна супериорност над небото на Техеран“.

Израел повикува на евакуација во Техеран, најавува напад врз иранската државна телевизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот