Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

ВИДЕО: Во пукотници во Арканзас САД три лица се убиени, 10 повредени, има ранети полицајци

Три лица се убиени, a десет се ранети во пукотница пред продавница во градот Фордајс во Арканзас, изјавија синоќа од полицијата во оваа сојузна држава.

Меѓу ранетите се и двајца полицајци, но тие се вон животна опасност, изјавија од полицијата на брифингот за новинарите.

Од снимка од сигурносна камера се гледа како лице кое се наоѓа на паркинг пука со сачмарка во службени лица кои возвраќаат со пукање.

Брифирана сум за ова трагично пукање и сум во постојан контакт со државната полција. Им благодарам на безбедносните сили и оние кои реагираа први за нивнната брза и херојска акција да спасат животи. Се молам за жртвите и за оние кои се погодени од ова, изјави гувернерот на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс.

Дел од медиумите објавија дека 44-годишниот Тревис Поси е уапсен во врска со масовното пукање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот