Фото: Screenshot

ВИДЕО | Во Краков македонската штафета 4×100 метри сруши рекрод стар една деценија

На Европското екипно првенство (3-та лига) Македонската штафета на 4х100 метри во состав Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов Македонски рекорд со резултат од 41.75 секунди, и го освои 5-то место (11 бодови за репрезентацијата).

Со ваквиот резултат тие за повеќе од една секунда го подобрија досегашното најдобро време кое беше актуелно скоро една деценија, постигнато во 2013 година во Банска Бистрица (Словачка). Тогаш за наш трчаа Ристе Пандев, Ефремов, Ајдаров и Голубиќ.

Националниот рекорд беше доволен за пласман на петтата позиција во дивизијата три во ова екипно натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот