Фото: Screenshot

ВИДЕО | Вембанјама со бизарно забивање ги изнасмеа коментаторите

Бостон Селтикс изминатата вечер на гостински терен славеа убедлива победа против Сан Антонио, а најефикасни беа Џејсон Тејтум со 25 и Џејлен Браун со 24 поени. Но, по средбата се зборуваше и за неверојатните потези на Виктор Вембанјама.

Чудесниот 224 сантиметри висок кошаркар постигна 21 поен и додаде седум скокови и три асистенции, додека потегот на натпреварот го изведе на почетокот на второто полувреме.

Во таа ситуацијата домаќините се одбранија и Вембанјама тргна сам во контра, а од линијата за три поени започна двочекор додека пред себе го имаше Дерик Вајт кој кога забележа дека нема никакви шанси само тргна од патот. Вембанјама ја подигна топката над противникот и во елегантен трк ја заби во кошот.

 

Реакцијата на Вајт да се тргне од патот ги изнасмеа американските коментатори. Самиот играч на прес-конференцијата по натпреварот духовито ја коментираше таа ситуација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!