Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Вардариште не престанува да гори, граѓаните со маски утрово одеа на работа
И утрово гори на депонијата Вардариште. Се шири густ чад во воздухот и неподнослива смрдеа.
Препорачано
Граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче се жалат на отежнато дишење, велат дека пожарот се уште не е изгаснат и дека од неделата не дошле екипи да гаснат.
„До 8 часот утрово во Ново Лисиче беше опасно да се отвори прозорец. Мирисаше на канта ѓубре“ вели граѓанин.
Утрово можеа да се забележат луѓе како одат на работа со маски на лицето поради загадениот воздух.
Од видеото кое за „Слободен печат“ го испрати граѓанин, може да се види дека состојбата е алармантна.
Жителите на Аеродром веќе три дена протестираат против загадувањето што доаѓа од Вардариште. Се собираат кај мостот „Киро Глигоров“, ја блокираат крстосницата и бараат институциите да преземат итни мерки. Ги повикуваат и граѓаните од другите скопски населби да им се придружат, со оглед дека загадувањето се шири низ целиот град.
Протести ќе има и денес од 18 часот и како што најавуваат ќе продолжат сѐ додека не се најде трајно решение за еколошката бомба во срцето на главниот град.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
12мин
-
22мин
-
24мин
-
24мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5