Фото: Federation of Uganda Football Associations/FB

ВИДЕО | Вардарецот Мато блесна против Мозамбик: Двапати стрелаше, еден беше еврогол

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, одигра одличен натпревар во дресот на својата репрезентација и беше главен актер во убедливата победа на Уганда над Мозамбик со 4:0, во квалификациски натпревар за Светското првенство.

Мато беше вистински лидер на теренот, постигна два гола и диригираше со играта на „жолтите“, кои сите погодоци ги постигнаа во второто полувреме. Напаѓачот на Вардар прво погоди во 70. минута, а потоа уште еднаш во 84-та, со што зголеми на 3:0. Претходно, Окело го отвори резултатот, а Кардоси во фнишот го постави конечниот резултат.

Со оваа победа, Уганда се израмни со Мозамбик на табелата, двете селекции сега имаат по 12 бодови и остануваат во трка за второто место, кое носи пласман во баражот за Мундијалот. На врвот е Алжир со 18 бодови, следат Гвинеја со 10, Боцвана со 9, а Сомалија е последна со само еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот