Исчезнатите сестри пронајдени мртви/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Ужасно злосторство во САД: Татко ги убил трите ќерки, полицијата трага по него

Властите во Вашингтон започнаа потрага по 32-годишниот Тревис Декер, кој е обвинет за убиство на своите три малолетни ќерки, на возраст од 9, 8 и 5 години.

Трите девојчиња беа исчезнати од петокот, кога нивната мајка ги известила властите дека нивниот татко не ги вратил по закажаната посета. Интензивна потрага започна во текот на викендот за да се пронајдат и децата и Декер, за кој се вели дека живеел во бел пикап „Џи-Ем-Сиера“ од 2017 година со регистарски таблички од Вашингтон.

Во понеделникот, возилото било пронајдено напуштено во близина на камп западно од градот Ливенворт. За време на истрагата, властите ги пронашле телата на трите девојчиња.

Полицијата издаде предупредување за Травис Декер, кого го опишуваат како исклучително опасен и веројатно вооружен. Тие истакнуваат дека станува збор за лице со обемна воена обука и ги повикуваат граѓаните да не му се приближуваат.

Декер, поранешен војник на американската армија и до неодамна припадник на Националната гарда, е под дисциплинска постапка за отпуштање, бидејќи не се јавил на своите закажани воени должности повеќе од една година.

Случајот добива драматична димензија бидејќи се открива дека имало доцнење во издавањето на „Амбер алерт“ за исчезнувањето на трите малолетни девојчиња. Според нивната мајка, Декер ги зел во петокот попладне, но никогаш не ги вратил, додека неговиот мобилен телефон бил исклучен.

И покрај загриженоста, полицијата не го активираше веднаш „Амбер алерт“, бидејќи, како што велат, инцидентите првично не ги исполнувале строгите критериуми што ги бара протоколот. Конечно, во саботата беше издадена тревога за „Исчезнати лица во ризик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот