Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

ВИДЕО | Усик е апсолутниот шампион во тешка категорија – го победи Фјури по тешка борба во 12 рунди!

По вечерашниот спектакл во Ријад го добивме новиот апсолутен светски шампион во бокс и тоа е Олександар Усик кој во тешка борба по 12 рунди славеше со судиска одлука.

Борбата прво беше закажана за февруари, но две недели пред одржувањето мораше да биде одложена бидејќи Фјури на спаринг доби удар во аркадата и се здоби со исекотина на лицето.

Во борбата Фјури влезе со појасот од ВБЦ верзијата, додека Усик како шампин во ВБА, ИБФ и ВБО. Украинецот сега е првиот борец по 1999 година и Ленокс Луис кој ги обединил сите титули во тешка категорија.

Вечерва гледавме фантастична борба, а во шестата рунда изгледаше дека Усик е далеку од победата бидејќи беше раздрман со неколку одлични комбинации од Фјури. Сепак, во осмата рунда Украинецот покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација. Гонгот во оваа рунда го спасуваше видно дезиорентираниот Фјури и изгледаше дека може да дојде до прекин.

Сепак, Фјури преживеа и гледавме 12 рунди со што е комплетиран еден од подобрите мечеви за титулата шампион во тешка категорија во помодерната историја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот