Чарли Кирк - Извор Х

ВИДЕО | Убиецот на Чарли Кирк пукал од покрив, осомничени приведени па пуштени?

Конзервативниот коментатор Чарли Кирк беше застрелан и убиен на 10 септември за време на негово предавање на Универзитетот Јута Вали. Настанот се одржуваше на отворено пред голема публика, а снимките од различни агли се проширија на социјалните мрежи.

Властите веруваат дека смртоносниот истрел бил испукан од покривот на Центарот Лоси, на околу 200 метри од местото каде што Кирк говорел. Неколку видеа на интернет, споделени и од контроверзниот Алекс Џонс, покажуваат фигура која се движи на покривот непосредно пред пукањето, пишуваат американските медиуми.

Осомничени приведени, па пуштени

Првично беа уапсени двајца осомничени, но по испрашувањето се ослободени бидејќи, според ФБИ, „немаат моментални врски“ со нападот.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави дека напаѓачот најверојатно дејствувал сам и дека истрагата продолжува. Иако јавноста бара брзи одговори, сторителот останува на слобода, што го зголемува чувството на несигурност и недоверба.

Политички реакции и национален шок

Веста за смртта на Кирк веднаш предизвика силни реакции во американската јавност. Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи го нарече Кирк „легендарен“ и „човек кој најдобро ги разбираше младите во Америка“, изразувајќи сочувство до неговата сопруга и семејството.

Поранешниот претседател Џо Бајден, пак, порача дека „во Америка нема место за вакво насилство“ и повика на прекин на спиралата на политички мотивирани напади.

Смртта на Кирк ја отвори дебатата за растечкиот политички екстремизам и безбедноста на јавните личности во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот