Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Туш со снег, 600 членови персонал, 169 автомобили… Која е најбогатата Индијка на светот?

Нита Амбани (59) е сопруга на најбогатитот Индиец во светот, Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешната фабрика во Индија, „Рилајанс индустрис“ (Reliance Industries).

Нивното богатство се проценува на 83 милијарди евра, а најбогатата Индијка е позната по својот раскошен начин на живот со завидна листа на луксуз во кој ужива.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во нејзината гаража има 169 автомобили, а нејзиниот персонал брои дури 600 членови, вклучувајќи готвачи, хигиеничарки, келнери и инструктори по фитнес.

Едно од најбогатите семејства во светот живее во резиденцијата Антилија во Мумбаи, во најскапиот облакодер на светот вреден милијарда долари, кој се состои од 27 ката со бројни забавни содржини како киносала, спа зона, храм, сала за бал, но и простории посветена на автомобилите. Интересно е и тоа што имаат тушеви со снег во секоја бања.

Членовите на семејството се релаксираат под вештачки снег и се чувани од обезбедување кое има свои посебни простории за живеење.

Најбогатата Индијка, учителка и дизајнерка на ентериер, сака да троши пари на луксузни предмети и има исклучителен вкус за чанти. За чанта „Ермес“ потрошила 350.000 евра, а во една прилика порачала 25.000 златни садови. Таа на својот сопруг му купила луксузен „мајбах 62“, додека милијардерот на сопругата ѝ подарил млазен авион вреден 60 милиони евра.

Нита Амбани со ќерката/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нита обично се појавува во јавноста во традиционална облека, но „Картие“, „Булгари“ и „Гучи“ се некои од нејзините омилени модни брендови. Таа е позната по својата дарежливост и основала училиште и болница во Мумбаи, а брачната двојка донирала 68 милиони евра за помош во пандемијата.

Најбогатиот индиски пар е во брак 37 години и има три деца, два сина и една ќерка, кои се воспитувани по строги правила. Нита инсистирала децата да се воспитуваат во скромни услови, а во текот на нивното воспитување добивале џепарлак, морале да се возат во јавен градски превоз и имале строги ограничувања за излегување.

Мукеш и Нита Амбани со децата/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот