фото: EPA/TOMS KALNINS

ВИДЕО | Турција се мачеше против Шведска – спречен е најголемиот шок на Евробаскет

Турската кошаркарска репрезентација е првиот четвртфиналист на Европското првенство, откако во летонскиот град Рига денеска ја победи Шведска во осминафиналната фаза со 85:79 (20:23, 17:19, 26:13, 22:24).

Турците, кои завршија на првото место во групата А, се мачеа да се пласираат меѓу првите осум, што го покажува и конечниот резултат. Натпреварот беше решен во последните секунди, каде што турските кошаркари на крајот се снајдоа подобро. Избраниците на Ергин Атаман се сметаа за огромни фаворити пред дуелот, но беа во негатива во текот на целото прво полувреме и во еден момент се чинеше дека може да се случи најголемата сензација на турнирот.

На паузата Шведска водеше со 42:37, но оваа предност беше резултат на многу лошиот процент на шутирање на турската репрезентација. Штом започна третата четвртина, Алперен Шенгун и останатите го покажаа својот квалитет. Предводени од Чеди Осман, Ерџан Османи и Шенгун, Турците го свртија резултатот и веќе беше јасно дека Швеѓаните ќе имаат тешкотии да се вратат во мечот. Во еден момент, Турците имаа водство од 11 поени (71:60), а третиот период го добија со дури 26:13.

Сепак, Швеѓаните се вратија во натпреварот во последниот период и се приближија на 72:71, што најави можна драма во финишот. Неизвесноста го достигна својот врв откако Скандинавците го израмнија резултатот на 76:76 по тројката на Луде Хокансон.

Сепак, Турците поведоа со 80:76 по поените на Чеди Осман и Алперен Шенгун и влегоа во последната минута со водство од четири поени. По забивањето на Шенгун на околу 40 секунди до крајот за 82:76, практично сè беше решено. Швеѓаните се обидоа со уште еден налет за израмнување, но не успеаја.

Најефикасен играч во турскиот триумф беше Алперен Шенгун со 24 поени, Чеди Осман додаде 17, додека од друга страна најдобар играч во поразениот тим беше Луде Хакансон со 16 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот