фото: EPA/TOMS KALNINS

ВИДЕО | Турција ја декласираше Грција и закажа финале со Германија на Евробаскет

Турската кошаркарска репрезентација денеска во летонскиот град Рига ја победи Грција со 94:68 во полуфиналето на Евробаскетот и со тоа се пласираше во финалето, прво по 24 години.

Турција доминираше во првото полувреме, на полувреме имаше високи 18 поени предност (49:31), а потоа рутински го заврши мечот во вториот дел.

Турција ја предводеше Ерџан Османи со 28 поени, шест скока и две асистенции, по што следуваше Џеди Осман со 17 поени, три скока и три асистенции.

Двоцифрен број на поени имаше и Алперен Шенгун со дабл-дабл од 15 поени, 12 скока и шест асистенции, како и Шејн Ларкин со 14 поени и пет асистенции.

За Грција, Костас Слукас имаше 15 поени со три скока и четири асистенции, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл со 12 поени и 12 скока.

Турција в недела од 20.00 часот ќе се соочи со Германија за златниот медал, додека Грција ќе се обиде да го освои бронзениот медал против Финска во натпревар закажан од 16.00 часот.

Ова е второ финале за Турците во нивната историја на европските првенства, првото го има на ЕП 2001, кога во дуелот за златото загубија од тогашна Југославија со 78:69.

Грците ќе ја бркаат својата трета европска бронза, претходните две ги освоија на шампионатите во 1949 и 1989 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот