Јованка Тренчевска / Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Тренчевска: Трајко Славески е партиски послушник и несоодветен избор за гувернер

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната седница во Собранието остро реагираше на предлогот за избор на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, оценувајќи дека станува збор за партиски послушник на ВМРО-ДПМНЕ и несоодветен избор за ваква значајна функција.

„Наместо независна и непартиска личност, за гувернер на Народната банка се предлага партиски војник, долгогодишен истакнат член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, во моментов член на Извршниот комитет на партијата. Овој предлог сериозно го доведува во прашање принципот на независност на институциите и создава сомнежи за политичко влијание врз клучните економски процеси во земјата“, рече Тренчевска.

Таа потсети дека Народната банка досега беше водена од гувернерка, непартиска личност со неспорен углед — Анита Ангеловска-Бежоска, првата жена на таа функција, која седум години ја извршуваше должноста без ниту една дамка во својата работа. Според Тренчевска, со предлогот Славески да биде гувернер, власта ја партизира и последната институција што ја водеше независен експерт.

„Што знаеме за Славески како политичар и функционер? За неговото име се врзани скапото задолжување на државата во 2009 година, за време на неговиот мандат како министер за финансии, кога беше издадена еврообврзница во вредност од 175 милиони евра со највисока досега каматна стапка — 9,87%. Во време на светската економска криза во 2008 година, наместо силни антикризни мерки — владата продолжи со скапи проекти, не понуди доволна поддршка на граѓаните, бизнисот и работниците. Даночната политика на Славески беше во корист на побогатите, воведувајќи го рамниот данок од 10.

Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка

Со 68 гласа за и 16 против пред полноќ, Собранието го избра Трајко Славески за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот